Судиите од Словенија Ненад Крстич и Петр Љубич ќе го судат првото осминафинале на Светското првенство меѓу Македонија и Германија во Барселона. Организаторот веста за арбитрите ја обелодени во текот на утринските часови.
Вториот натпревар во каталонскиот град меѓу Франција и Исланд ќе го судат нашите судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а официјално лице на записничката маса на тој натпревар ќе биде Драган Начевски.