Со одигрувањето на последните мечеви од групната фаза, веќе се знаат и сите осминафинални парови. По поразот од Словенија, европскиот вицешампион Србија налета на Шпанија, која ја загуби битката за првото место во групата од Хрватска.Веќе в недела следува половина од осминафиналната програма во Барселона и Сарагоса, а другата половина во истите два града се игра во понеделник.
Осминафинале:
Македонија - Германија
Франција - Исланд
Полска - Унгарија
Словенија - Египет
Данска - Тунис
Бразил - Русија
Србија - Шпанија
Хрватска - Белорусија