Сите репрезентации во Барселона ќе патуваат со воз
Дека Севиља не е најдобро конектирана со летови од скоро сите делови на Европа, научивме уште минатата недела. Дополнителен проблем се климатските услови кои често носат доцнење или одлагање на летовите во овој град заради сеприсутната магла. Така организаторот на ова Светско првенство IHF, одлучи сите репрезентации кои ќе патуваат за Барселона и Сарагоса тоа да го сторат со воз. Така сите четири репрезентации (Данска, Русија, Македонија и Исланд или Катар) ќе мора в сабота наутро да се организираат и со шпанските железници со воз од прва класа да стигнат до наредната дестинација. Ист ќе биде принципот и за евентуалните четвртфинални мечеви кои не се играат на истото место како и осминафиналните. Така ако ние го минеме осминафиналето во „Палау Сан Жорди„ во Барселона, ќе мора три дена подоцна да играме во Сарагоса која е 307 километри оддалечена од каталонскиот центар.