ВИДЕО: Филип Лазаров: „Уживам и да ја гледам и да играм со Данска„
Многу пати до сега сме играле со скандинавските сили и многу често сме заминувале со наведнати глави по средбите. Така исклучоци се само мечевите со Исланд во 2008 и Шведска 2012 година. Филип Лазаров јасно кажа дека ужива да ја гледа Данска:
„Најискрено секогаш со задоволство ја гледам Данска на ТВ, а уште повеќе кога играм против нив. Ме воодушевуваат во секој поглед. Нашата форма како турнирот изминува расте и оптимист сум дека можеме да ја изненадиме селекцијата европски првак„ ни рече ракометарот на Вардар Про. Филип го издвои првото полувреме на средбата во Белград, кога водевме со 6 разлика против селекцијата која подоцна стана европски првак. Со такво полувреме не би требало да имаме проблеми да се справиме со данската ракометна машина во која никој, па ниту Хансен не отскокнува на овој турнир.