Данска ни ги одржа опциите за трето место во групата
Данска како првопласирана од нашата група ќе го очекува противникот во осминафиналето на Светското првенство 2013 во Шпанија, откако на последниот денешен дуел во Севилја славеше со 36:28 против Исланд. Во соседната група, црногорците немаат шанси за осминафинале откако загубија и од Германија. Изненадувачка победа забележа Бразил над Тунис по што сега „кариоките" се блиску до пласман меѓу 16 најдобри на мундијалот. Франција остана лидер лесно славејќи против селекцијата на Аргентина.
4 - коло
А група
Бразил - Тунис 27-22
Германија - Црна Гора 29-21
Аргентина - Франција 23-35
Табела:
Франција 8
Германија 6
Тунис 4
Бразил 4
Аргентина 2
Црна Гора 0
Б група
Чиле - Катар 23-31
Македонија - Русија 29-29
Данска - Исланд 36-28
Табела:
Данска 8
Русија 5
Македонија 5
Исланд 4
Катар 2
Чиле 0