Иако со првите неколку настапи европскиот првак Данска ја најави својата кандидатура за освојување на светската круна, селекторот на оваа репрезентација Улрик Вилбек е претпазлив.
„Го следев мечот Исланд - Македонија и по мене тоа беше најквалитетниот меч до сега во Севиља. Се играше извонредна одбрана. Лазаров е одличен инвидуалец, но Македонија е многу повеќе. Впрочем Металург во Лигата на шампионите игра одлично и тоа не е случајно„ не наполни со комплименти трофејниот стратег. Вилбек исто така истакна дека ако мора да бира со која селекција не би се сретнал до финале, би го одбрал домаќинот Шпанија.