Како и тимот, така и плејмејкерот на Металург, Наумче Мојсоски ја подига формата како турнирот изминува. По неколку блесоци со Исланд и Русија од него очекуваме најдобра партија со Данска. Стружанецот не го заборава последното соочување со скандинавците во јануари минатата година во Белград:
„Иако можеби ќе бидат квалификувани и сигурно први, тоа кај скандинавците не игра голема улога. Тие пак ќе ја играат нивната игра, нивниот стил. Ние имаме стари сметки за наплата и сигурно ќе бидеме мотивирани. Ме радува тоа што по неколку бледи партии, конечно како тим одигравме одличен натпревар и тоа психолошки многу ќе ни значи„ Наумче Мојсоски ни откри дека играл под инјекции и дека не е 100% фит, но во вакви ситуации и тоа се заборава.