Тренерот на голманите Зоран Петковски беше горд на своите пулени на последните два меча, но и генерално на целиот турнир „Македонија не треба да се грижи за својата иднина на голманската позиција.
Имаме серија на школовани голмани кои треба да ни донесат многу радости. Борко Ристовски против Исланд и Николче Митревски во одлучувачката фаза на мечот со Русија тоа го потврдија. Покажуваме дека имаме натпреварувачка екипа, која ја темпира својата форма, кога тоа е најпотребни„ ни изјави бившиот репрезентативен голман. Студиозно и до најмалите детали, нашиот голмански тим ги заслужи сите пофалби во досегашниот тек на турнирот. Само така да продолжат.