Селекторот на Русија Олег Кулешов беше бесен и врз своите ракометари и на прес-конференцијата. Не можеше да го скрие разочарувањето по поразот и не говореше многу.
„Одамна мина Божик за да даваме вакви подароци. Мислам дека Македонија не ја надигра Русија, но ги искористи шансите кои ние им ги понудивме„ рече младиот стручњак. Колку ова реми ќе го измени развојот на настаните во Б групата во Севиља ќе видиме уште вечерва по скандинавското дерби, а дефинитивно во петок по мечот Данска - Македонија.