ВИДЕО: Митревски: „Растеме во формата на овој турнир„
Ни малку не е лесно да се влезе во натпревар со 5-6 гола негатива и да се извлече тимот од агонијата. Битолчанецот Николче Митревски со 6 одбрани, не остави во живот и посебно откако го „скина„ зицерот на Горбок им овозможи на соиграчите да играат за реми. „На целиот турнир нашата форма расте. Не беше едноставно да се влезе во ваков меч и да се одбранат неколку одлучувачки топки, но успеавме да останеме непоразени против една многу силна репрезентација. Сега ни треба одмор и да ја изненадиме и Данска„ рече Митревски за нашиот официјален сајт. Со Борко во вчерашната форма со Исланд и Митревски во 15-20 минути денес со Русија нема грижи за голманското место и на овој турнир и во иднина.