hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Јоноски го пропушти попладневниот тренинг

111

Фото - Спортмедиа

Болните гримаси на лицето на нашиот дефанзивен лидер, Ацо Јоноски се забележаа уште во првото полувреме на вчерашниот меч со Хрватска. Веројатно да не беше мундијалски меч, стружанецот превентивно ќе беше поштеден, но тој херојски го издржа до крај мечот со „коцкестите„ Утрово стигна веста дека неговиот скочен зглоб е потечен и попладнево од 15 часот, Јоноски не тренираше.

Постои умерен оптимизам дека ќе стигне на време да со опорави за мечот со Австрија утре попладне од 17 часот по средно европско време. Според зборовите на директорот Панчевски за ваков вид на повреда потребно е мирување меѓу 24 и 48 часа и Јоноски се бори со времето да биде дел од клучниот меч за второто место во Б групата. Ацо Јоноски со 7 исклучувања е нашиот најискучуван ракометар, но и еден од оние кои прима најмногу удари за време на натпреварите.

Share