hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Позната сатницата за елиминационите натпревари

Spain vs Slovenia 150123Qatar 2015 M50 ESP vs SLO- B2 9269A xlarge

Дури денес светската ракометна федерација ги одреди термините и сатницата за натпреварите кои ќе го искристализираат турнирот во неговата последна недела. Осминафиналните мечеви ќе се играат во „Лусаил арената„ и „Али Бин Хамад Ал Атијах арена„ на 25 и 26 јануари во 16:30 и 19:00 часот.

Во истата сатница на 28 јануари во истите две арени ќе се играат четирите четвртфиналиња. Полуфиналните мечеви се во „Лусаил арената„ на 30 јануари во 16:30 и 19:00 часот. Разврската за медали ќе се случи на 1 фебруари. Малото финале е во 14:30 а големото во 17:15 часот.

Share