
Мечот на кариерите нашите ракометари ќе го имаат в недела од 16:30 часот по средно европско време во „Али Бин Хамад Ал Атијах арена„ против Словенија во второто осминафинале во оваа сала. По осминафиналето во „Палау Сан Жорди„ во Барселона во 2013 година и поразот од Германија, по втор пат на нашата репрезентација му се укажува шанса низ ваков формат да влезе меѓу осумте најдобри репрезентации во светот.
Со оглед на тоа што седум репрезентации од овој мундијал обезбедуваат олимписки квалификации, Македонија е на чекор по втор пат во својата историја да игра турнир од чиј што епилог зависи можноста за прв пат еден нашо колективен спорт да игра на олимпијада.