hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Обрван: „Одлично е што моите играчи можат да играат со секого„

SDC10672

Средбата со новинарите на ден пред мечот со Словенија, беше исполнета со ведрина и оптимизам меѓу нашите ракометари и стручниот штаб. Селекторот Ивица Обрван потврди дека мора сите да се прилагодат на густиот распоред и на малиот период за подготовка меѓу натпреварите:

„Се е исто како до сега, бидејќи следи истиот ритам. Ја осигуравме втората позиција во групата. Подготовката е иста, напорот и обврските исто така. Разлика е што мечот е од нокаут фаза и немаме право на грешка. Ќе се обидеме да ги одмориме ракометарите, да се обидеме да се регенерираме колку што е можно подобро. Јас и Даниел Брестовац долго во ноќта работевме да подготвиме некои детали за мечот со Словенија. Некои ракометари го прескокнаа доручекот, подоцна ќе имаме прошетка, за да го потврдиме тимскиот дух. Очекувам Словенија како и до сега. Мислам дека се работи за доста подобра репрезентација од Катар, но осминафиналето веројатно не ги задоволува амбициите на катараните. На неутрален терен мислам дека шансите со Словенија ни се 50-50%. Кога се работи за елиминационен натпревар, за очекување е да има и повеќе грешки од вообичаено.

Позитивно кај моите ракометари е нивното уверување дека можеме да играме со секого. Тоа ми ја олеснува работата. Добро е што нашите момци се подготвени да изгинат за секоја топка. Но така мислат и словенците. Тие играат многу брзо, па мора да бидеме интелегентни да ја спречиме нивната игра. Овие 5 меча тие играа без класичен шутер, но мислам дека утре ќе биде поинаку. Гајиќ е фантастичен, доминатор во контранападите. Имаат многу слични ракометари, очигледно селекторот добро ги внесе ракометарите и нивните карактеристики во системот„ истакна тренерот на Шамбери и македонскиот национален предводник. Селекторот потврди дека најверојатно со Словенија ќе бидат пријавени истите 16 од досегашните пет средби и дека Јоноски ќе биде во стројот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share