IHF им верува на балканските судии и ги номинира за најважните мечеви од завршницата на светското првенство во Катар. Српските судии Стоиљковиќ и Николиќ ќе го водат мечот Полска - Катар, а словенците Крстиќ и Љубиќ ја добија довербата за европското дерби меѓу Франција и Шпанија. Драган Начевски е официјално лице на првото полуфинале меѓу домаќинот и полјаците.
Во мечевите за пласман дуелот Хрватска - Германија ќе го судат Рамирез и Лопез од Шпанија, а мечот Данска - Словенија им е доверен на Ал Суваиди и Бамутреф од Катар.