Гајиќ е крал на стрелците на 24 мундијал во Доха
За прв пат во историјата еден словенечки ракометар е најдобар стрелец на едно светско првенство. Ракометарот на Монпеље од самиот старт го запоседна првото место на листата на стрелците и по 13 гола во првиот меч се наметна за најдобар голгетер. Во две награди кои заминаа за Данска, сега Гајиќ го добива признанието. Сепак е многу далеку од рекордот на шампионатите, кој го држи Кирил Лазаров од светското првенство во Хрватска 2009 година, со 92 постигнати гола.
2015 година - Драган Гајиќ (Словенија) - 71 гол
2013 година - Андерс Егерт (Данска) - 55 гола
2011 година - Микел Хансен (Данска) - 68 гола
2009 година - Кирил Лазаров (Македонија) - 92 гола
2007 година - Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд) - 66 гола
2005 година - Висем Хмам (Тунис) - 81 гол
2003 година - Карлос Перез (Унгарија) - 64 гола
2001 година - Едуард Кокшаров (Русија) - 61 гол