ВИДЕО: Естеки: „За нас ова е прв шампионат, неискуството е видливо„
Во март ќе наполни 27 години и со оваа иранска репрезентација е веќе долго време. Искусниот Алахкарем Естеки и против Б и Х во првиот натпревар на мундијалот покажа дека е лидер на оваа репрезентација, но неговите репрезентативни колеги се главно млади и неискусни и тој тоа го смета за најголем хендикеп на ова првенство. Забележлив беше падот во второто полувреме на избраниците на Борут Мачек:
„Сите ракометари во мојот тим се млади. Има и неколку поскусни со 23,24 години, но на сите ова ни е прво светско првенство. Ова е добро искуство за нас, за да растеме за во иднина и се надевам дека ќе го издигнеме нашето ниво. Ги знаеме сите европски селекции, така и Македонија. Јасно е дека се работи за квалитетна репрезентација. Ние ќе повторам сме млади, почнуваме добро, но подоцна не можеме во истото ниво да го одиграме целиот натпревар„ ни рече Естеки, кој настапува за најдобрата иранска екипа Сепахан, а дел е од репрезентациите на Иран од 2005 година, а година подоцна го одигра и првиот меч во сениорскиот тим. Минатата година на азискиот шампионат во Манила, тој беше најзаслужниот што оваа репрезентација го осви бронзениот медал.
Вчера постигна 7 гола од 12 обиди и имаше уште неколку асистенции во поразот од Б и Х со 30:25 (12:16). Денес од него доаѓа најголемата опасност по нашата одбрана и голманите.