ВИДЕО: Јоноски: „Треба да ги лимитираме вредностите на Босна„

Самокритичен кон одбранбената формација и кон себеси, Ацо Јоноски потврди дека самиот број на примени голови против Иран кажува дека морало да се игра подобро. Но полесно е кога се анализира ваков натпревар после победа, одколку после пораз:
„Не ми се допаѓаат 31 примен гол на мечот со Иран, но сепак победивме. Второ светско првенство по ред сме со вака добар старт и тоа може само нешто добро да ни донесе. Босна и Херцеговина има свои вредности, ние треба да ги лимитираме и да не им дозволиме да играат како што најдобро знаат. Во овој момент најважно е да се одмориме и да подготвиме вистинска стратегија за мечот кој следува. Имаме енергија, имавме добро подготовки и турнирот ќе каже до каде можеме на ова светско првенство„ вели Ацо Јоноски кој остана смирен по двете исклучувања против Тунис и одигра добро второ полувреме, а против Иран специфичниот тек на натпреварот не дозволи средбата да наликува на онаа претходната.




