hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Н. Мојсоски: „Се виде нашето искуство, со Хрватска по првото место„

BOSNIA AND HERZEGOVINA VS FYRO MACEDONIA 150119Qatar 2015 M27 BIH vs MKD-GEO27 xlarge

Наумче Мојсоски пак имаше моменти на висока класа, кога погодуваше на ефектен начин низ босанските горостаси, но како и многу негови соиграчи и тој потенцираше дека Босна денес изгледаше како ние кога прв пат се појавивме на големата сцена. Тоа искуство од натпревари и континуитет на турнири денес дојде до израз:

„Се чувствуваше нервоза. Почнавме добро, мислевме лесно ќе биде. Но, се свртија работите, а и Босна добро нѐ простудира. Беа добро подготвени, одиграа максимално и во напад и во одбрана. Денес излезе на површина нашето искуство, кое го градевме долги години. Се надевам дека наредната средба со Хрватска нема да имаме падови и ќе бидеме поконкретни" вели Наумче Мојсоски. Како турнирот одминува, стружанецот изгледа подобро и подобро. Тоа може само да радува во пресрет на битните мечеви кои следуваат.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share