hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Прибак: „Клучна беше хрватската серија на почетокот од вториот дел„

pribak-iran2-615x400

Првиот пораз на македонската ракометна репрезентација на мундијалот, како и секој пораз е болен, но треба да биде добра подготовка за мечот со Австрија во петок, кој веројатно е прва наш квалификационен натпревар. Иако нема испаѓање после евентуален пораз, не е неважно дали во Б групата ќе завршиме на второто или третото место. Потенцијални противници би ни биле Словенија или Катар, но нашите ракометари не размислуваат за комбинациите. Немања Прибак во првите минути од второто полувреме гледа причина за нашиот пораз и хрватската победа:

„Пресуден беше периодот од почетокот на второто полувреме, во кое во ритам влезе Алиловиќ, кога Хрватска успеа да се одлепи на 4,5 гола. Никогаш не е добро чувството после пораз, но мораме да се свртиме кон Австрија во петок, бидејќи триумф на тој меч би ни го донел второто место во групата. Тоа би бил одличен пласман, нешто што го зацртавме како цел пред почетокот на овој мундијал„ изјави во микс-зоната Немања Прибак, кој одигра неколку периоди во мечот и покрај проблемите со труењето со храна во текот на вчерашниот ден.

Share