Шариќ: „Едвај чекам да го предводам Катар во Рио„
Ни малку горчина за поразот и чувство на гордост и задоволство кај катарските репрезентатинци по финалето против Франција. Најинтервјуиран беше голманот Шариќ, кој најави дека и во иднина ќе го носи дресот на Катар. Полн погодок за катарската репрезентација беше натурализирањето на Даниел Шариќ, кој последен дојде во тимот на Ривера, но се имплементира во групата и сега едвај чека да дојде новото големо натпреварување:
„Ја сакавме титулата, но и вака е хепи-енд. Наредната цел се олимписките игри, Сакам да го предводам Катар во Рио„ заклучи Шариќ. „Франција е неверојатен тим, по се што покажаа, заслужија да го освојат златото. Беше многу тешко да се игра против нив. Ние се боревме до последен момент и никогаш не се предававме„ констатираше крилото Елдер Мемишевиќ.