ВИДЕО: Дувњак: „Тажни сме, второто полувреме не беше задоволително„
Денес хрватските медиуми „фрлаат дрва и камења„ по селекторот Голужа и нивните „каубои„. Брзо се забораваат медалите и успесите од претходните големи приредби, но настапот во Доха не може да ги задоволи љубителите на ракометот. Тагата и горчина ја отслика и ракометарот на Кил, Домагој Дувњак:
„Тажни сме, разочарани сме, но тоа е спортот, тоа е животот. Не бевме оние вистинските, второто полувреме беше нешто подобро, во првото беше и посолидно. Сега сеуште е жешко, по првенството ќе можеме да размислуваме нешто повеќе. При 22:22 имавме двајца ракометари повеќе, но тоа не го искористивме. Не сум важен јас, важна е екипата, ќе повторам второто полувреме не беше задоволително„ истакна еден од најдобрите светски ракометари, Домагој Дувњак. Хрватска утре против Германија, каде што настапува Дувњак, ќе го игра мечот за пласман од 5-8 место и на двојниот олимписки првак му треба една победа од наредните два натпревари за да игра во олимписките квалификации за Рио де Жанеиро.