hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Исланд го „фати последниот воз„ Русија елиминирана

Egypt vs Iceland 150124Qatar 2015 M55 EGY vs ISL- AH 6308 xlarge

Директниот дуел за осминафиналето, помеѓу Египет и Исланд започна со многу цврст блок на египјаните и за 9 минути, Исланд постигна само 1 гол. Но момците на Кристјансон полека се консолидираа и иако играа без Палмарсон, преку Халгримсон израмнија на 5:5 на половина полувреме.

Полека бело-сините од Скандинавија ја средија одбраната, Густафсон се разбрани и Гудјон Валур Сигурдсон ја заврши серија од 6:0 за водство од 6:9 во 20 минута. Тандемот Халгримсон - Сигурдсон постигна 12 од 15 исландски гола во првиот дел, кој европската репрезентација го реши во своја полза со 10:15. Како времето одминуваше во вториот дел, на крилата на 4.000 гледачи, Египет го „стопи„ водството на Исланд и Ел Ахмар и Навар во 47 минута намалија на 21:23. Со таа инерција се влезе во последните 5 минути. Со Сигурдсон од „друга планета„ Исланд го приведе мечот кон крај за финална победа од 25:28.

Соиграчот на Лазаров од Барселона постигна 13 гола и ја предводеше својата селекција до победа за четвртфинале. Халгмарсон со 5 гола му беше од голема помош, а и Густафсон бранеше многу солидно. Кај Египет, Радван со 5 и Абу Ебад со 4 гола беа најефикасни. Чешка која навиваше за Исланд на овој меч извиси и нема да го види осминафиналето. Русија како натпреварите да ги игра во исто сценарио. Пак имаше игра, водство и контрола и пак на крајот загуби од Аргентина со 27:30 (16:17) . Се до 25 минута момците на Кулешов водеа, но пред се од ментални причини, лесно ја предадоа предноста и во вториот дел не успеаа да ја стигнат. Аргентина која технички делуваше дотерано, постојано имаше 2-3 гола предност и дојде до значајна втора победа во Д групата и пласман во осминафиналето. Кај Аргентина најефикасен беше Симоне, кон одигра уште една воодушевувачка партија. Германија го потврди првото место во групата со победата против Саудиска Арабија од +17. Момците на Сигурдсон дојдоа на „мала врата„ а освоија 9 бода и со 4 победи и 1 пораз патуваат во осминафиналето. Во победата од 36:19 (18:8) против „бедуините„ најистакнати беа резервистите Селин и Муше со 11 гола, а Ерик Шмит постигна 8.

Египет - Исланд 25:28 (10:15)
Русија - Аргентина 27:30 (16:17)
Саудиска Арабија - Германија 19:35 (8:18)

Share