
Исландскиот ракометен сојуз изврши замена на „движечката сила„ на својата репрезентација Арон Палмарсон пред мечот со Египет, а на неа играше Гунар Стеин Џонсон. Против Чешка ѕвездата на Кил доби удар во главата по што не беше во можност да го продолжи натпреварувњето.
Лекарите во исландскиот табор констатирале мал потрес на мозокот, поради што Палмарсон не игра најмалку на еден натпревар. Прогнозите не се оптимистички, но Кристјансон се надева дека во наредните неколку дена состојбата на Палмарсон ќе се подобри, а со тоа ќе ја искористи и втората и последна замена на првенството во клучниот елиминациски дел од натпреварувањето.