hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Онеста: „Судиите се да судат, а не да измислуваат„

FRANCE VS ICELAND 150120Qatar 2015 M34 FRA vs ISL- B1 0495A xlarge

Мечот со Исланд ги донесе првиот проблеми за европскиот првак Франција, Ремито и скоро, па постојаното бркање на противничкото водство не му се допадна на селекторот Онеста. Уште повеќе го налути исклучувањето на Карабатиќ заради симулација. Новиот капитен на триколорите неславно го заврши првиот натпревар како капитен на Франција.

Претходно Онеста му ја одзеде траката на Жером Фернандез и му ја додаде на соиграчот на Лазаров од Барселона. „Не сум задоволен од судиите, бидејќи нивната задача е да ги почитуваат правилата, а не да ги измислуваат. Не можете да казните за симулирање ракометар кој добива толку удари за време на еден натпревар. Мислам дека овој судиски пар се уште не е подготвен да суди натпревар со толкава тежина како денешниот„ изјави Онеста. Мечот Франција – Исланд го судеа Сантос и Фонсека од Португалија.

Share