hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пет селекции се веќе осминафиналисти на мундијалот

MAJ 3229 resize

Денес ќе се комплетира третото коло на светското првенство а веќе се знаат пет селекции кои имаат „виза„ за осминафиналето. По третиот последователен триумф македонските ракометари веќе го потврдија пласманот меѓу 16 најдобри, а со максимален учинок во Б групата во моментов е и селекцијата на Хрватска која исто така е сигурен учесник во елиминациската фаза.

Во А групата познати се три селекции кои веќе размислуваат за настапите во осминафиналето. Бранителот на трофејот Шпанија и домаќинот Катар веќе се во следната рунда додека Словенија и покрај поразот веќе е дел од вториот круг на Светскиот шампионат.

Share