Кога утре ракометната репрезентација на Македонија ќе пристигне во Доха ја чека автобусот со кој ќе се вози за време на мундијалот. Тој е ултрамодерен и ги има сите обележја на македонската ракометна репрезентација. Сите натпревари на Мундијалот ќе се одвиваат во три сали во Доха, а Македонија во групната фаза ќе настапи во сите од нив.
Првенството почнува на 15 јануари, а првиот меч Македонија го игра ден подоцна, против Тунис.