Непријатно изненадување ги чекаше нашите репрезентативци на аеродромот во Доха, во Катар. На брендираниот автобус за нашата репрезентација стоеше придавката ФИРОМ.
Нашите ракометари одбија да се качат во ваков автобус, а љубезните домаќини експресно реагираа и ги покрија спорните букви. Потоа репрезентативците се упатија во луксузниот хотел „Мерион„ да се одморат по 6 часовниот пат од Париз до Доха.