Откако синоќа слетаа во Доха и ги решија недоразбирањата со натписот на репрезентативниот автобус, македонските ракометари денес го одработија првиот тренинг на катарско тло. Момците на Обрван работеа во помошната сала во Лусаил, а мечевоте ќе се играат во ултрамодерната „Лусаил хал".
Во неа Македонија ќе го игра само првиот меч со Тунис, еден меч ќе игра и во „Духаил хандбол спортс хал",оној против Хрватска, а останатите три ќе се одвиваат во „Али Бин Хамад Ал Атја арена".