Лазаров меѓу идеалните седум на Лино Червар
Во интервјуто со хрватскиот весник „24 часа", тренерот на Металург и светскиот првак со Хрватска, Лино Червар ја одбра неговата идеална постава од седум ракометари кои настапуваат на Светското првенство во Катар. Место во неа има и за капитенот нашата селекција Кирил Лазаров.
Голман:
Никлас Ландин (Данска) - Една од најсилните алки на Рајн-Некар и на Данска. Наскоро ќе оди во Кил.
Лево крило:
Уве Генсхајмер (Германија) - Игра одлично во Рајн-Некар, моментно е најдобриот германски ракометар.
Десно крило:
Иван Чупиќ (Хрватска) - Веќе со години наша гордост на дено крило. Одлично шутира и седмерци.
Лев бек:
Никола Карабатиќ (Франција) - Тој за Франција е поважен и од Омејер.
Среден бек:
Домагој Дувњак (Хрватска) - Најдобар ракометар на светот за 2013 и најдобар во Хрватска во 2014.
Десен бек:
Кирил Лазаров (Македонија) - Одличен во Барса, има топ во раката. Најдобар стрелец во ЛШ со 64 гола.
Кружен напаѓач:
Игор Вори (Хрватска) - Има девет медали со Хрватска, со години еден од најдобрите пивоти во светот.