Специјализираниот ракометен сајт „Handball-planet„ прогнозира дека македонската селекција mундијалот во Доха ќе го заврши на деветтото место, откако групната фаза би ја завршиле за третото место зад Хрватска и Тунис со што во осминафиналето би вкрстиле со Словенија, која според нивните предвидувања би завршила како второпласирана во А групата.
Како најголеми фаворити за златниот медал порталот ги издвојува Франција пред Данска, Хрватска и Шпанија, кои би учествувале во самата завршница од шампионатот.