Искусниот црногорски леворак бек, Жарко Марковиќ, кога најмногу требаше постигна клучни голови и придонесе Катар да ги прокнижи првите бодови на шампионатот. Тој беше пресреќен и потврди дека Катар оди од еден до друг противник во групата и не размислува за понатаму, па и за евентуален меч со Македонија:
„Ни се случија неколку непредвлидени повреди кои ни го прекинаа ритамот и затоа не бевме оние правите во одреден дел од мечот. Но добро е што стартувавме со победа. Искрено не размислувам за Македонија и можноста да играме во осминафиналето меѓу себе. Одиме чекор по чекор„ ни рече во микс- зоната по мечот бившиот ракометар на Металург, црногорецот Жарко Марковиќ.