Лазаров за „ДЕРБИ„: Најважни ни се два датуми и два натпревари„
Во пресрет на дебитанскиот меч на македонската репорезентација на мундијалот во Катар и мечот со Тунис,капитенот Кирил Лазаров со оптимизам сака да го почне својот четврт шампионат на светот. Тој во изјавата за „ДЕРБИ„ потенцираше дека секој меч е важен, но два натпревари и два датуми се од одлучувачка важност за нашето првенство:
„Можеби ќе се повторам, но ова можеби ни е најважното првенство откако постои оваа генерација. Мислам дека сме максимално подготвени, и што е најважно – свесни дека треба да го дадеме својот максимум. Треба да одиме од натпревар во натпревар, од противник на противник, секој бод и секој гол ќе бидат важни. Не треба да се оптоваруваме со резултатите од другите групи со кои вкрстуваме, не треба да калкулираме.
Веруваме дека можеме да влеземе во осминафиналето базирано на нашиот квалитет. Постои една позитивна нервоза, голема мотивираност, сето тоа е позитивно, секој од нас - од прв до последен, сака да направиме успех. Ако нешто треба да се одвои, тоа е утрешниот натпревар, кој според мене е најважен. Би ги одвоил датите 16 и 25 јануари, доколку тргнеме со победа утре, мислам дека многу ќе значи. Нашата форма ќе се подобрува од натпревар во натпревар, тоа сум сигурен, но првите натпревари секогаш се најтешки поради притисокот, но тој притисок ќе го имаат и ракометарите на Тунис. Го знаеме тоа, се надевам дека сме и добро тактички подготвени, со што ќе стигнеме до трите бода„ потенцираше нашиот капитен.