Кружниот напаѓач Ванчо Димовски и голманот Николче Митревски испаднаа од ростерот за мечот со Тунис, откако селекторот Ивица Обрван го објави списокот на 16 играчи кои ќе го почнат мундијалот. На техничкиот состанок неколку часа пред мечот нашата делегација ги пријави играчите со кои ќе настапат, а според пропозициите можеме да извршиме две замени во текот на првенството.