Ларс Геипел и Маркус Хелбиг од Германија се делегирани од IHF за судии на мечот Македонија - Тунис денес од 15:00 часот по македонски време во „Лусаил арена„ во Доха. Истите судии ја делеа правдата и на првиот натпревар на последното европско првенство меѓу Данска и Македонија.
Официјални лица се Манфред Праус од Германија, Хозе Антонио Хуелин и Рамон Гаљего од Шпанија. Драган Начевски е официјално лице на средбите Алжир - Египет и Шведска - Исланд, а нашите судии Начевски и Николов ќе го водат најинтересниот пар во „Лусаил арената„ помеѓу Полска и Германија.