Две победи, еден нерешен резултат и три порази имаат македонските ракометари на стартот на големите приредби на кои сме учествувале. Билансот станува уште полош ако се земе во предвид и стартниот пораз на олимписките квалификации во Гетеборг против Унгарија. Време е да се подобри билансот и за прв пат да се совлада Тунис во официјален натпревар.
Статистика на Македонија на првите мечеви на големите натптреварувања:
СП 1999 - ЕГИПЕТ
Македонија - Саудиска Арабија 28:21 (16:11)
СП 2009 - ХРВАТСКА
Македонија - Тунис 24:25 (14:13)
СП 2013 - ШПАНИЈА
Македонија - Чиле 30:28 (12:10)
ЕП 1998 - ИТАЛИЈА
Македонија - Унгарија 20:29 (14:7)
ЕП 2012 - СРБИЈА
Македонија - Шведска 26:26 (13:14)
ЕП 2014 - ДАНСКА
Македонија - Данска 21:29 (8:12)