ВИДЕО: Марковиќ: „Ни се „врзаа„ нозете во првиот дел, потоа бевме одлични„
Еуфорично делуваа репрезентативците на Б о Х по средбата и победата со Иран. Како да знаеа дека пораз против аутсајдерот во групата може да значи и целосна елиминација. Вака го поправија лошото прво полувреме, со добар влез во продолжението и карактер пред се во играта во одбрана:
„И мене како играч тоа ми се случувало. Едноставно ни се пресекоа нозете од самата манифестација. Мора тоа да го надминеме. Како се вративме? Па се обидов на полувреме да го смирам, да ги потсетам да мислат на своите најблиски и да го отфрлат притисокот. Успеавме, се вративме и верувам дека сега ќе биде полесно. Ваќно ни беше да го почнеме турнирот со победа„ рече селекторот на Б и Х, Марковиќ во микс-зоната по средбата.
Мирсад Терзиќ беше на сличен став:
„Второто полувреме е онаа Босна која ја подготвувавме. Точно е дека имавме многу проблеми, повредени ракометари, но недопустливо е да играте како што ние игравме во првиот дел. Верувам дека оваа значајна победа ќе не понесе за уште потешкиот меч со Австрија кој не очекува утре„ заврши Терзиќ.