Голужа ги „отвори картите„ и дома ги остави Пешиќ и Обрановиќ
Хрватскиот селектор Славко Голужа го направи последното скратување на списокот на учесници на мундијалот во Катар, каде поведе 16 ракометари. Хрватска ќе се обиде да го поправи впечатокот од полуфиналето во Шпанија пред две години со овие ракометари:
Голмани:
Мирко Алиловиќ (Веспрем), Филип Ивиќ (Загреб)
Крила:
Мануел Штрлек (Киелце), Иван Нинчевиќ (Бешикташ), Иван Чупиќ (Киелце), Златко Хорват (Загреб)
Кружни напаѓачи:
Игор Вори (Пари Сен Жермен), Жељко Муса (Киелце), Илија Брозовиќ (Загреб)
Бекови:
Марко Копљар (Пари Сен Жермен), Лука Степанчиќ (Загреб), Дамир Бичаниќ (Шамбери), Иван Слишковиќ (Целје), Јаков Гојун (Пари Сен Жермен), Игор Карачиќ (Вардар), Домагој Дувњак (Кил)
Голужа одлучли од конечниот список да отпадне бекот на Загреб, Сандро Обрановиќ и голманот Иван Пешиќ. Тие ги минаа подготовките, но нема да настапат на турнирот во Доха.