Македонската ракометна репрезентација на мундијалот во Катар ќе настапи во нови дресови, специјално дизајнирани за претстојниот голем настан. Во новиот дрес, нашите репрезентативци ќе одат по нови победи на меѓународна сцена.
Првенството почнува на 15 јануари, а Македонија игра во групата Б со Хрватска, БиХ, Австрија, Тунис и со Иран. Крајна цел и на оваа генерација предводена од капитенот Кирил Лазаров е пласман на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.