Познат дефинитивниот список на репрезентативци за мундијалот во Катар
Селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван го скрати списокот и ги одреди 16 ракометари кои ќе патуваат на турнирот во Нант и потоа во Катар за светското првенство. За разлика од последните големи приредби, новина е повикувањето на Владо Недановски и враќањето на Наумче Мојсоски по отсуството на европското првенство во Данска, заради повреда.
Голмани:
Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митровски
Леви крила:
Дејан Манасков, Владо Недановски
Десни крила:
Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски
Кружни напаѓачи:
Ванчо Димовски, Столе Стоилов, Никола Маркоски
Десни бекови:
Кирил Лазаров (капитен), Ренато Вугринец
Леви бекови:
Филип Лазаров, Наумче Мојсовски
Средни бекови:
Филип Миркуловски, Немања Прибак.
Дефанзивци:
Ацо Јоноски, Велко Маркоски.