Босна и Херцеговина по втор пат ремизираше на подготовките во Доха откако одигра 22:22 против репрезентацијата на Португалија, два дена по истоветниот исход и на мечот со Катар на Валеро Ривера. Балканците ја имаа предноста во своите раце, но на крајот ја загубија концентрацијата и му дозволија на противникот да се врати од -2 и да извлече реми.
За разлика од претходниот меч против Катар, одбраната на Б и Х беше многу солидна. Со еден пораз и два нерешени исходи Босна и Херцеговина ги заврши подготовките во Кипар. Противникот на Македонија во групната фаза имаше реми исходи со Катар и Португалија и загуби од Португалија во првиот од двата мечеви.