Синоќешните тестови на репрезентациите кои се подготвуваат за светското првенство во Катар донесоа и по некое изненадување. Полска 60 минути немоќна против Норвешка, Германија полесно од предвиденото ја совлада Чешка, а и Исланд не наликува на себе. Во балканското дерби Хрватска покажа дека веќе е во врвна форма и ја декласира Србија на Дејан Периќ.
Хрватска - Србија 35:28
Полска - Норвешка 25:30
Данска - Словенија 36:26
Шпанија - Унгарија 27:25
Германија - Чешка 32:24
Шведска - Исланд 30:24
Денес нова серија на пријателски или турнирски мечеви како Словенија - Шведска, Унгарија - Полска, Данска - Исланд, Шпанија - Норвешка