Тунис продолжува со добрите игри во пресрет на светското првенство. Вчера попладне е одиграна првата од двете планирани средби со репрезентацијата на Русија, која тунижаните ја добија со 34:31. Бугамни со 8 и Бен Салах и Бенур со по 6 гола беа најефикасни во победничката екипа. Втората средба се игра денес.
Селекцијата на Хрватска ја доби и втората контролка против Србија, овој пат со 34:30 (16:14). Штрлек со 6 и Чупиќ со Хорват со по 5 гола беа најефикасни во тимот на Голужа.
Германија - Чешка 27:22 (11:10)
Словенија - Шведска 23:29 (14:13)
Унгарија - Полска 25:35 (13:14)
Данска - Исланд 29:30 (17:18)
Шпанија - Норвешка 38:20 (22:9)