
Селекторот на Македонската сениорска репрезентација г-дин Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари повикани за подготвителниот период за претстојното СП 2019 во Германија и Данска. Од првичниот список отпаднаа Јане Цветкоски, Немања Прибак, Никола Маркоски, Филип Миркуловски, Гоце Ојлески и Марко Мишевски.

Собирот на ракометари е закажан за в понеделник со почеток во 16:30 часот во хотелот „Александар Палас" во Скопје.