
Во организација на Рaкометната федерација на Македонија, ќе се одиграт пријателски натпревари помеѓу машките сениорските ререзентации на Македонија и Србија во рамки на подготвителниот период за СП 2019 во Германија и Данска.
Натпреварите ќе се одиграат на 4 и 5- јануари во спортскиот центар „Борис Трајковски" во Скопје. Првиот пријателски натпревар е од отворен тип и влезот е слободен. Вториот натпревар ќе се одигра зад затворени врати.
Ракометната Федерација на Македонија ги покани сите љубители на македонскиот ракомет да бидат дел од овој подготвителен период на Македонија и да дадеме подршка за претстојното СП 2019.