Селекторот на македонската репрезентација Лино Червар ги откри имињата на 16-те ракометари кои ќе му се спротивстават на Тунис, во првиот меч кој Македонија ќе го одигра на 25 Светско првенство.
Червар реши на трибините да ги остави голманот Никола Митревски, Ристо Арнаудовски и Жарко Пешевски.
Натпреварот Македонија - Тунис, во рамките на Б групата ќе се одигра во Мец со почеток во 17:45 часот.
ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk