hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Подмладената Македонија даде отпор едно полувреме, данската „машина“ лесно до победа

rakomet-euro-2022-makedonija-danska 6

Македонија - Данска 21:31 (11:15)

Машката ракометна репрезентација со три порази го заврши учеството на Европското првенство во Унгарија и Словачка откако изгуби и од Данска со 21:31 и првпат откако игра на големите натпреварувања се враќа дома без освоен бод.

Лазаров го внесе младиот Митев во протоколот наместо Маџовски, а Јакобсен ги заштеди главни ѕвезди Гидсел и Ландин за главната групна фаза. Митревски одбрани два зицери во раната фаза и Костески, Талески и Пешевски ни донесоа предност од 4:0. Данците немаа решение за Митревски, Хансен не реализира седмерец, па дури во деветтата минута светските прваци постигнаа прв погодок.

Високиот Киркелеке постигна два гола и Данска фати приклучок во 12. минута (4:3). По нашиот добар старт Филип Кузмановски го повреди зглобот и по една четвртина од натпреварот мораше да ја напушти играта. Следеше „црна дупка" од шест минути без постигнат гол и Лазаров го внесе Миркуловски да ја смири нашата организација на игра во напад. Сепак, нашиот напад стана предвидлив, а Андерсон донесе прво данско водство во 16. минута, а Тофт Хансен брзо зголеми на +2.

И покрај одличниот Митревски, нашата игра во напад „заглави" и Ландин зголеми на +3 во 23. минута. Лазаров повика минута одмор и го внесе дебитантот Митев. Митревски со гол ги изненади Данците и ни даде „ветер во грб". Сепак, Кузманоски промаши седмерец, а Линдберг погоди од контра за 11:15 по првиот дел.

Во второто полувреме целосно дојде до израз разликата во квалитетот, Македонија се почесто правеше грешки, Лазаров комбинираше со составот, па шанса добија и Марко Митев и Иван Ѓоргиев, Марко Мишевски во напад, Кристијан Симоноски. Во 52. минута првпат беше пробиена границата за двоцифрена разлика (17:27), а до крај резултато беше формалност.

Најефикасен во македонскиот состав вечерва беше Жарко Пешевски со шест голови. Данска како првопласирана со максимални три победи оди во следната фаза, исто како и второпласираната Црна Гора (две победи и еден пораз), Словенија е трета со една победа и два пораза, додека македонската селекција е последна без ниту еден освоен бод.

Share