hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Не може ниту да се изброи колку грешки направивме

kire so mne

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров не го криеше разочарувањето од лошото издание на неговите ракометари против Црна Гора. Селекторот потенцираше дека ракометарите кои не одиграа на нивото на репрезентација која настапува на големо натпреварување. Не одигра Црна Гора добро колку што ние бевме лоши, тоа го знае селекторот.

„Не можеме да ги преброиме грешките коишто ги направивме. Едноставно да ви кажам бев немоќен, што и да направам, како и да реагирам, како да се случуваше на филм. Играчи кои играат во клубови со коректни улоги, играат во Лигата на шампионите, Бундеслига, во добри првенства, да не набројувам имиња, не смеат да си дозволат така. Без разлика дали е добра стратегијата или не, ти или си играч или не. Тоа го решаваш на терен. Ние сме тука да подготвиме, да направиме тактика, но тие се оние кои решаваат на терен. Дојде до еден психолошки блок и ние бевме, речиси немоќни. Едноставно видикот, перцепцијата на целиот терен ни се намали. Не знаеја и не знаевме што правиме. Очигледно е дека играчите имаа голем притисок, кога натпреварот не тргна добро. Се враќавме, бевме блиску, но наместо да се посветиме на нашата одбрана, ние цел натпревар бркавме разлика. Евидентно е дека треба да учиме уште многу, да тренираме, да работиме.

Не сакам да барам алиби, не сакам оправдувања, но денес за Столе дознавме во последен момент, а неизвесен беше и Митревски до последен час. Црногорците се прилагодија подобро од нас на оваа ситуација, нас ни недостасуваа седум или осум играчи. Покрај мене и Стоилов, тука се и Манасков, Марковски, Младеновиќ, Ојлески и други. Ни се случија многу работи, но тоа не е причина да се бара алиби. Ја загубивме главата на теренот, сакавме да победиме брзоплето, на македонски начин", заврши селекторот.

В понеделник од 20:30 часот ни следи натпреварот против Данска, наш последен на Европското првенство.

Share