hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Горд сум како игравме, штета што докрај не верувавме во победа

processed-43e8c840-7ebe-4349-b6ed-ce9c32407ff1 074wSTfM

Ракометната репрезентација на Македонија со пораз од Словенија од 25:27 го започна настапот на Европското првенство. Иако неколку минути пред стартот на натпреварот пристигна најлошата вест за „црвено-жолтите", Кирил Лазаров поради повреда на потколеницата нема да може да игра и ќе има само една улога, селекторската, ракометарите одиграа одличен наптревар против фаворизираната Словенија, но на крајот загубија со 25:27.

Селекторот Лазаров го анализираше натпреварот и ги пофали своите млади ракометари

processed-9db8a62f-d08e-4975-a907-5adefa87b6d7 VPHYqhNQ

„Горд сум како го одигравме натпреварот, со оглед што Словенија има ракометари кои играат во најдобрите тимови во Европа. Сепак, разочаран сум затоа што мислам дека заслуживме најмалку бод. Ги уморивме и надигравме, но не верувавме до крај дека можеме да ги добиеме.

Се обидов да ги убедам моите ракометари, но на крај не успеав во тоа. На вистински пат сме и треба да продолжиме така. Треба да го заборавиме поразот и да одиграме два добри натпревари до крајот на првата фаза. Секој натпревар е тежок на големо натпреварување, но мислам дека ќе бидеме сѐ подобри и подобри", истакна Лазаров.

Во вториот натпревар од првото коло на групата во Дебрецин ќе се сретнат Данска и Црна Гора.

Share