Карабатиќ: За нас е исклучително значаен мечот против Македонија
Првиот меч на европското првенство е и дуел на македонскиот репрезентатиен капитен, Кирил Лазаров со клупскиот соиграч Сорондо, каки и меч против бившите клупски другари Никола Карабатиќ и Лук Абало. Предводникот на францускиот тим, Никола Карабатиќ, иако не е максимално подготвен, многу нажи полага во првиот натпревар против Македонија и против Лазаров.
„Да не беше првенството, би зел одмор за да заздравам од повредата. Не знам дали играњето ќе биде ризик, но сепак одлучив да им помогнам на моите соиграчи. Што се однесува на Македонија, тоа ќе биде тежок натпревар. Секој почеток на некое големо натпреварување е тежок, а Македонците не се така лесен противник за отворање. Ќе биде од голема важност да се забележи победа на стартот" , изјави Карабатиќ.
Мечот Франција - Македонија почнува од 18:00 часот во „Краков арената".
ФОТО: Филип Вирановски